Ајрис Апфел сè уште ја негува својата љубов кон модата. 100-годишната модна икона креираше колекција во соработка со H&M.
Разиграни принтови, ведри бои, микс од силуети... Апфел го преточи својот ексцентричен и експресивен стил во модните парчиња кои ги дизајнираше за шведскиот бренд.
„Обожавам да дизајнирам за H&M, бидејќи ми дозволуваат да правам што сакам. Не поставуваат ограничувања. Сметам дека оваа линија е разиграна и забавна“ – изјавила Ајрис.
„H&M беше привлечен од Ајрис поради нејзиниот препознатлив еклектичен вкус и нејзиното влијание во модната заедница. Таа покажува што е модата, таа е вистинска инспирација“ – изјавиле од H&M.