Меган Маркл остава силен моден отпечаток. Софистицираната креација која 36-годишната војвотка ја носеше за вечерната свадбена прослава со принцот Хари беше инспирација за најновиот стајлинг на принцезата Софија.
Сопругата на принцот Карл Филип од Шведска носеше смарагдно зелен фустан со ролка на доделувањето на музичките награди „Полар“, а модните ентузијасти веднаш го споредија со фустанот на Меган.
Во својот стајлинг, принцезата Софија додаде впечатливи обетки и чантичка и обувки во златна боја.
Елегантниот фустан на Меган е дело на Стела Мекартни, која изјави дека креира мини колекција инспирирана од фустанот на новата војвотка.