Многу доделени статуетки, плејада музички ѕвезди и неатрактивна мода го одбележаа најновото издание на видео музичките награди на MTV.
Манифестацијата, која се одржа во Њуарк, беше водена од Ники Минаж. Престижната награда „Мајкл Џексон“ отиде во рацете на Шакира додека Диди ја освои статуетката Глобална икона.
На розовиот тепих, гостинките покажаа повеќе лоши модни експерименти одошто модни хитови. Добрите пријателки Тејлор Свифт и Селена Гомез беа меѓу најдобро облечените ѕвезди, а Тинаше, Меди и Ашанти добија негативни модни критики.
Ѕирнете како изгледаа присутните на MTV VMA: