За време на синоќешното доделување на MTV VMA наградите, сцената ја размрдаа повеќе звучни музички имиња. Џастин Тимберлејк ги собра комплиментите и предизвика гласни аплаузи со обединувањето на членовите на 'N Sync, додека негативните критики завршија на адреса на Мајли Сајрус.
Лејди Гага
Лејди Гага го означи стартот на шоуто со изведба на првиот сингл од албумот ARTPOP, „Applause“. Во текот на настапот, ексцентричната пејачка промени неколку перики и костими кои симболизираат различни етапи од нејзината кариера.
Мајли Сајрус, Робин Тик, 2 Chainz, Кендрик Ламар
Мајли го започна настапот со својата „We Can't Stop“, потоа ѝ се придружи и Робин Тик за летниот хит „Blurred Lines“, за настапот да заврши со 2 Chainz и Кендрик Ламар и „Give It 2 U“.
Џастин Тимберлејк и 'N Sync
Победникот на вечерта, Џастин Тимберлејк, настапи соло и со членовите на популарниот машки бенд 'N Sync.
Кание Вест
Кание Вест ја затемни сцената за да ја изведе „Blood on the Leaves“ од својот нов албум „Yeezus“.