Кендал Џенер редовно привлекува внимание во провокативни изданија. 23-годишната манекенка остави малку на фантазијата, појавувајќи се на доделувањето на Британските модни награди во сексапилна креација.
На црвениот тепих пред „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, славниот модел зачекори во проѕирен златен фустан со висок шлиц и разголен грб од дизајнерот Џулиен Мекдоналд.