Ирина Шајк со свои очи ја проследи најновата ревија висока мода на Жан Пол Готје.
Откако на почетокот на месецов изненади со кратка фризура на „Златен глобус“, убавата Русинка сега им се врати на долгите прамени и на модниот настан во Париз се појави со надградба на косата.
33-годишниот модел носеше фармерска креација со пресеци од колекцијата висока мода есен/зима 2018 на Готје.