Како верен соработник на Pronovias, Ирина Шајк не го пропушти невестинското модно шоу на шпанскиот бренд во Барселона.
32-годишната Русинка шармираше во нежен фустан од Pronovias додека позираше пред бројните фоторепортери.
Претходниот ден, убавата манекенка присуствуваше и на промотивен настан на модната куќа каде се појави во црн комбинезон со чипка.
Во кратко интервју за време на настанот, Ирина изјави дека не сонувала за својот невестински фустан и дека не знае што ќе носи за свадбата, но дефинитивно би сакала да биде елегантна, класична и модерна венчаница.
Ирина има едногодишна ќеркичка со Бредли Купер.
Кога беше прашана како ги комбинира професијата со мајчинството, таа одговори: „Сметам дека жената може да биде жена, бидејќи жената може да се справи со сè. И ако сака, таа може да комбинира сè, може да работи, може да биде мајка, може да води компанија. Може да биде сè што ќе посака“.