Војвотката Кетрин и принцот Хари присуствуваа на церемонија во Вестминстерска катедрала на Денот Анзак, празник посветен на сите воени лица во Австралија и Нов Зеланд кои служеле и ги загубиле своите животи во воени конфликти и мировни операции.
За оваа пригода, 37-годишната претставничка на британското кралско семејство избра син палто-фустан од Кетрин Вокер, кој го надополни со шапка во иста нијанса и зелени обувки и чантичка.
Принцот Хари во секој момент го очекува раѓањето на неговото прво дете со Меган Маркл.