Почетна » Новости » Мода » Викторија Бекам и Сара Бартон се закитија со „моден Оскар“

Викторија Бекам и Сара Бартон се закитија со „моден Оскар“

Сара Бартон, која ја дизајнираше венчаницата на Војвотката од Кембриџ, ја освои наградата Дизајнер на годината на овогодинешните Британски модни награди. Дизајнерката од модната куќа Александар МекКвин заслужено ја доби престижната награда за својот талент и досегашни постигнувања.

Викторија Бекам за првпат беше почестена со награда на оваа елитна манифестација. 37-годишната сопруга на Дејвид Бекам со солзи на очите ја примила статуетката за Дизајнерски бренд на годината. Со таа своја победа, Викторија ги остави зад себе Стела Мекартни, Том Форд и Burberry.

Викторија Бекам, Марк Џејкобс и Кејт МосВикторија Бекам, Марк Џејкобс и Кејт Мос

Во својот говор Викторија се заблагодарила за огромната поддршка и признала дека никогаш не би влегла во модниот бизнис ако не бил нејзиниот сопруг.

Дејвид пак пронајде начин да ја искаже среќата од успехот на Викторија и на Facebook напиша: „Момчињата и јас сме неверојатно горди на Викторија откако ја доби престижната наградата на Британските модни награди. Таа работеше напорно и го заслужи признанието. Прекрасно е она што таа го постигна вечерва, многу специјално.“

Наградата за стил ѝ припадна на Алекса Чанг, иако една од нејзините конкурентки беше и Кетрин, Војвотката од Кембриџ.

Сара БартонСара Бартон Алекса ЧангАлекса Чанг

Меѓу присутните на манифестацијата беа и Марк Џејкобс, Стела Мекартни, Кејт Мос и Саманта Камерон.

Еве ја и целосната листа на добитници на таканаречените модни Оскари:

Designer of the Year: Sarah Burton for Alexander McQueen
Designer Brand: Victoria Adams
New Establishment Award: Christopher Kane
Menswear Designer: Kim Jones
Accessory Designer: Charlotte Olympia
Red Carpet Award: Stella McCartney
Emerging Talent Award, Ready-to-Wear: Mary Katrantzou
Emerging Talent Award, Menswear: Christopher Raeburn
Emerging Talent Award, Accessories: Tabitha Simmons
Model: Stella Tennant
BFC Outstanding Achievement: Paul Smith
Isabella Blow Award for Fashion Creator: Charlotte Gainsbury
British Style Award: Alexa Chung

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.