Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Шарлиз Терон блеска во реклама на Диор

ВИДЕО: Шарлиз Терон блеска во реклама на Диор

Шарлиз Терон изгледа волшебно во новата реклама за парфемот J’adore. Но, таа не е единствената позната убавица која краде погледи во краткиот филм.

Во рекламата се појавуваат и Мерилин Монро, Марлен Дитрих и Грејс Кели, кои во минатото често беа асоцирани со Диор.

Видеото ја следи Шарлиз која брза да се подготви за нејзиното појавување на ревија на Диор. За снимањето на рекламата русокосата актерка споделила: „Беше неверојатно гламурозно и фантастично. Мислам дека нема да искусам нешто слично повторно во мојот живот“.

Терон е заштитно лице на J’adore од 2004 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.