Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Славните гостинки на ревијата на Диор во Париз

ФОТО: Славните гостинки на ревијата на Диор во Париз

Раф Симонс покани многу славни дами на свеченото презентирање на својата нова колекција висока мода за Кристијан Диор. Џенифер Лоренс, Ема Вотсон, Шарлиз Терон, Оливија Палермо, Марион Котијар и Џанг Цији имаа можност да го проследат модното шоу од првите редови.

Сосема очекувано сите тие се појавија на настанот во креации од Диор.

Лоренс, Котијар и Палермо ја пронајдоа својата модна комбинација во колекцијата ресорт 2014 на француската модна куќа. Ема Вотсон носеше асиметрична креација со црно-бели точки, Џанг Цији со насмевка позираше во сив палто-фустан, додека Терон блескаше во сјаен мини фустан.

Ема Вотсон Ема Вотсон Ема Вотсон и Џенифер Лоренс Ема Вотсон и Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс Џенифер Лоренс Ема Вотсон и Џенифер Лоренс Шарлиз Терон Шарлиз Терон Марион Котијар Марион Котијар Оливија Палермо Оливија Палермо Џанг Цији Џанг Цији Раф Симонс со Џанг, Марион и ШарлизРаф Симонс со Џанг, Марион и Шарлиз

Ревијата на Диор го збогати вториот ден од Париската недела на високата мода. Во наредните неколку денови ќе бидат презентирани и новите колекции на брендови како Шанел, Армани, Валентино и Ели Сааб.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.