Натали Портман ја продолжи соработката со Dior. Убавата актерка е ѕвезда во новиот краток филм на француската модна куќа за парфемот Miss Dior.
Во видеото, 31-годишната ѕвезда блесна од среќа и заведува маж облечена во креации на француската модна куќа, меѓу кои и еден од првите фустани на Раф Симонс за колекцијата висока мода за Dior.
Рекламниот филм за парфемот Miss Dior е режиран од познатата Софија Копола.