Бела Хадид е ѕвездата од октомвриското издание на „Harper's Bazaar“ Арабија.
„Бела е истовремено италијанска дива достојна за врвниот накит Bulgari со кој е накитена и протагонистка во Арапски Ноќи“ - пишуваат од списанието за едиторијалот.
Коментирајќи ја фотосесијата, Хадид вели: „Со портретирањето на италијанска дива и арапска принцеза, сметам дека треба да ја доловам силата и вибрантната внатрешна убавина на двата типа на жени.“
Фотографиите се дело на Маријано Виванко.