Како бренд амбасадор на Bulgari, Бела Хадид не ги пропушта промотивните настани на луксузниот бренд.
21-годишниот модел се појави на забавата на Bulgari во Рим во гламурозен стајлинг. Златниот фустан со потпис на Версаче таа го надополни со обувки од колекцијата на Кание Вест и накит од домаќините на свеченоста.
Лили Олдриџ и Џон Кортахарена исто така беа специјални гости на италијанската прослава.
Пред забавата, Бела беше фотографирана во бел ауфит. Комбинирањето на сандали со чорапи поттикна многу коментари кај нејзините фанови.