Анџелина Џоли потпиша договор за соработка со францускиот бренд Guerlain. 41-годишната актерка стана заштитно лице на парфемот Mon Guerlain.

Целата заработка од кампањата Џоли одлучила да ја донира во хуманитарна организација по нејзин избор.
Засега објавена е само една црно-бела фотографија на која холивудската ѕвезда позира свртена со грб.

Откако поднесе документи за развод од Бред Пит, Џоли неколку месеци е фокусирана на приватниот живот и ретко е фотографирана во јавност.