Почетна » Новости » Истражувања » Што жените најмногу менуваат кај своите партнери?

Што жените најмногу менуваат кај своите партнери?

Мажите многу често се жалат дека жените се обидуваат да ги променат по влегувањето во врска. И очигледно се во право. Во ново истражување на компанијата Wilkinson, седум од секои десет жени признале дека променуваат многу работи кај партнерот за да му го подобрат имиџот.

Преку менување на начинот на облекување, фризурата, навиките за хранење, а и откажувањето од лоши навики како пцуењето, жените се обидуваат да ги направат своите партнери попретставителни и поздрави.

Една четвртина од учесничките во истражувањето признале дека започнале да менуваат работи кај својот партнер само две недели по почетокот на врската.

На прво место жените се обидуваат да го променат стилот на облекување на мажите и ги советуваат да се облекуваат попретставително. На второ место ги менуваат нивните навики за бричење. Во тој контекст, 25% од жените изјавиле дека би сакале нивниот партнер да се бричи почесто.

Маж се бричи25% од жените признале дека сакаат нивниот партнер да се бричи почесто

Освен што жените го менуваат надворешниот изглед на мажите, тие и настојуваат нивните партнери да започнат да се хранат поздраво и најмногу се трудат да ја исфрлат брзата храна од нивното секојдневие.

Една третина од жените ги мотивираат и поттикнуваат своите партнери да штедат повеќе, а 25% од жените изјавиле дека придонеле нивниот партнер да зборува повеќе за своите чувства и размислувања.

Топ 20 работи кои жените ги менуваат кај мажите

  1. Смислата за облекување
  2. Навиките за бричење
  3. Фризурата
  4. Проблемите со влакната во носот и ушите
  5. Изборот на обувки
  6. Балсамот за после бричење
  7. Кубење на веѓите
  8. Подобрување на хигиената
  9. Откажување од брада или мустаќи
  10. Чистење и хидратирање на кожата
  11. Исхраната
  12. Финансиска одговорност
  13. Зборување за своите чувства
  14. Намалување на консумираниот алкохол
  15. Почесто гледање на женски филмови
  16. Почести повици кон својата мајка
  17. Спуштање на капакот од веце шолјата
  18. Откажување од пцуењето
  19. Споделување на далечинскиот управувач
  20. Готвење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.