Умерената консумација на вино докажано е корисна за здравјето. Американски истражувачи откриле дека ресвератролот, супстанција која ја има во грозјето и црвеното вино, го спречува оштетувањето на крвните садови во очите коешто настанува поради староста.

Научниците веруваат дека оваа супстанција се бори против формирањето на оштетени крвни садови и дека ова откритие може да помогне за создавањето на нов лек.
Ресвератролот е природна супстанција која се создава во многу растенија и се бори против бактериските и габичните инфекции. Во големи количини ја има во лушпата на грозјето, а во помали количини во боровинките и кикириките.
Претходни истражувања покажале дека ресвератролот го забавува стареењето и помага во борбата против рак.