Почетна » Новости » Занимливости » Ферментирана мода: Фустан од црвено вино

Ферментирана мода: Фустан од црвено вино

Научници создадоа материјал од вино и веќе се направени првите креации од оваа несекојдневна ткаенина. Фустанот од вино, кој личи на фустанот од месо на Лејди Гага, е дел од проектот ферментирана мода.

Фустан од вино

„Замислете си материјал кој расте... облека која сама се оформува, без ниту еден шев! Модата која започнува со шише вино...“ – вака се опишани инвентивните парчиња облека на сајтот на лабораториите при University of Western Australia.

Фустан од вино

За да го создадат органскиот материјал, научниците користеле бактерија Acetobacter, која е одговорна и за претворањето на виното во оцет. „Ткаенината“ која се добива е наречена Micro’be’. Темноцрвениот фустан е изработен од црвено вино, но исто така може да се користи бело вино или пиво.

Фустан од вино

И да, фустанот има вкус на црвено вино.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.