Почетна » Новости » Истражувања » Сувите сливи го помагаат слабеењето

Сувите сливи го помагаат слабеењето

Сакате да ја подобрите својата фигура пред почетокот на летната сезона? Збогатете ја вашата трпеза со суви сливи.

Суви сливи

Истражувачи од Универзитетот во Ливерпул констатирале дека сувите сливи го помагаат слабеењето. За да стигнат до тој заклучок, тие го набљудувале апетитот и слабеењето на 100 лица со вишок килограми.

Сите учесници следеле 12-неделна програма за слабеење со здрава исхрана, но половината од нив секојдневно консумирале сливи, а останатите добивале совети за подготовка на здрави ужини. Во групата која консумирала сливи, на мажите им биле давани 170 грама сливи дневно, додека на жените 140 грама.

На крајот од истражувањето било откриено дека учесниците кои јаделе сливи ослабеле 2 килограми и си го намалиле обемот на половината за 2,5 сантиметри, додека оние кои не јаделе сливи ослабеле 1,5 килограми, а нивната половина се намалила за 1,7 сантиметри.

По завршувањето на осмата седмица од истражувањето, учесниците кои консумирале сливи изјавиле и дека се чувствуваат многу посити.

„Ова се први податоци кои покажуваат дека консумирањето на сливи како дел од диета за регулирање на тежината води до слабеење и нема несакани ефекти“ – изјавил д-р Џо Харолд.

Црните сливи често се користат како природен лек против запек.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.