Стресот е голем непријател на нашето здравје, но и на нашиот изглед. Не е тајна дека голем дел од луѓето кога се под стрес јадат многу повеќе од нормалното. Тоа предизвикува дебелеење кое што кај жените е најизразено во областа околу стомакот.
А зошто се случува тоа? Стресните ситуации можат да предизвикаат телото да премине во „состојба за опстанок“, т.е. се забавува работата на метаболизмот, се складираат повеќе калории и се лачат во поголеми количини хормоните на стресот – кортизол и лептин.
Истражување објавено во American Journal Of Epidemiology го потврди мислењето на експертите дека зголемувањето на обемот на половината е резултат на стресот.
Кај жените многу повеќе видови стрес влијаат врз размерот на струкот, отколку кај мажите. Тргнувајќи од проблемите на работа, финансиските проблеми, па сè до проблемите во врската и чувството за заробеност во сопствениот живот, сето тоа ја уништува фигурата на песочен часовник кај понежниот пол.
Стресот најчесто се манифестира преку зголемен апетит за храни богати со јаглехидрати како чоколадо, чипс или тестенини. Луѓето под стрес ги бараат овие храни, затоа што тие го зголемуваат нивото на серотонин, хормон кој има смирувачко дејство.