Почетна » Новости » Истражувања » Стресот ги намалува шансите за бременост

Стресот ги намалува шансите за бременост

Кога млад пар се обидува да зачне бебе, сите ја советуваат жената да биде порелаксирана и да го избегнува стресот. И со право го прават тоа.

Експертите предупредуваат дека високото ниво на стрес ги намалува шансите за бременост. Оние жени кои се вознемирени имаат за 12% помали шанси да забременат, отколку жените кои се смирени.

Жена под стресВисокото ниво на стрес ги намалува шансите за бременост

Резултатите од истражување на Универзитетот Оксфорд се првите докази за тоа дека стресот ја намалува плодноста. Во истражувањето учествувале 274 жени на возраст од 18 до 40 години кои планирале да останат бремени и не се обидувале да зачнат во текот на 3 месеци.

Жените кои имале највисоко ниво на ензимот алфа амилаза, имале за 12% помали шанси да останат бремени, во споредба со жените кои имале најниско нивно на овој енизим.

Научниците веруваат дека досега немало докази за влијанието на стресот на зачнувањето, затоа што поголем број истражувања се фокусирале на влијанието на хормонот кортизол, а не на ензимот алфа амилаза, којшто се сврзува со нивото на хормонот адреналин.

Експертите советуваат жените кои се обидуваат да станат мајки да бидат порелаксирани.

„Многу е важно жените да се релаксирани кога се обидуваат да зачнат“ – изјавила д-р Сесилија Пипр од Универзитетот Оксфорд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.