Почетна » Новости » Истражувања » Со тест ќе се предвидува уште колку долго ќе сте плодни

Со тест ќе се предвидува уште колку долго ќе сте плодни

Научниците веруваат дека жените наскоро ќе можат да си направат генетски тест во нивните 20-ти години кој ќе им покаже уште колку долго можат да го одложуваат зачнувањето на дете, т.е. уште колку време имаат до менопаузата.

Биолошки часовникТест ќе предвидува колку време ви останува за да зачнете

Истражувачи откриле група гени кои одредуваат кога жената ќе влезе во менопауза, а со тоа и кога ќе започне да биде неплодна. Се верува дека тестот ќе биде достапен за 10 години и ќе биде релативно евтин.

Пресметано е дека способноста на жените да зачнат се намалува во просек 10 години пред почетокот на менопаузата. Па, оние кои имаат рана менопауза и кои решиле да ја одложат првата бременост за кога ќе бидат во своите 30-ти години, имаат најголеми проблеми да зачнат.

Овој едноставен тест треба најмногу да им помогне токму на жените кои се засегнати од рана менопауза, па со негова помош тие ќе можат да го планираат создавањето на семејство.

Во текот на истражувањето, 2000 жени кои имале рана менопауза биле споредувани со исто толку жени кои немале рана менопауза. ДНК тест идентификувал 4 гени кои го зголемувале ризикот за појава на рана менопауза.

Во просек жените влегуваат во менопауза на возраст од 51 година, но некои ја имаат последната менструација во 40-тите, а други во 60-тите години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.