Почетна » Новости » Истражувања » До 30-тата година жените губат 90% од јајце клетките

До 30-тата година жените губат 90% од јајце клетките

Биолошки часовник

Современите жени се амбициозни и пред да започнат да мислат на создавање на семејство прво се фокусираат на својата кариера. Стремежот да се обезбеди квалитетен и убав живот придонесува плановите за бебенце да се одложуваат и денес сè повеќе жени раѓаат кон крајот на своите 20-ти и почетокот на 30-тите години.

Зборовите „има време“ се чести во разговорите на тема создавање на потомство. Но, дали тоа треба да е така? Не преземаат ли жените голем ризик со тоа што чекаат? Како работи биолошкиот часовник на жената во 30-тите години? Одговорот на тие прашања ни го дава едно ново истражување на Универзитетот во Единбург. Тоа е првото истражување кое дава точна проценка за бројот на јајце клетки кај жените, од раѓањето до менопаузата.

Според резултатите, просечната жена се раѓа со околу 300 000 јајце клетки. Некои жени имаат преку 2 000 000, но некои само 35 000. Меѓутоа, бројот на јајце клетки значително опаѓа со текот на годините.

До 30-тата година во телото на жената остануваат само 12% од јајце клетките, а до 40-тата година тој процент се намалува до 3.

Истражувањето во кое учествувале 325 жени на различни возрасти покажа уште и дека пушењето и алкохолот имаат помало влијание врз плодноста кај жените до 25-тата годината. Но, во наредните години начинот на живот е пресуден за плодноста на жената.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.