Почетна » Новости » Истражувања » Стресот ви помага кога учите за испити

Стресот ви помага кога учите за испити

Секој студент се нашол во ситуација да учи во последните неколку часа пред испит. И најголем дел од студентите тврдат дека тогаш се учи најмногу, затоа што се под голем притисок.

Научниците сега потврдуваат дека тоа навистина е така, т.е. дека учењето „во последната минута“ е најдобриот начин да научите нешто, затоа што стресот му помага на мозокот да создава посилни спомени.

СтуденткаУчењето под мал стрес е поефективно

Истражувачите од Универзитетот Бристол откриле дека хормоните кортизол и адреналин, кои се создаваат кога сме под стрес, предизвикуваат промени во клетките на мозокот, коишто од своја страна помагаат поефективно да се „складира“ меморијата.

Професорот Ханс Раул којшто го предводел истражувањето изјавил дека учењето под стрес може да им помогне да студентите да си ја зголемат способноста за учење.

„Честопати откриваме дека непријатните спомени ги помниме подобро од пријатните. Тоа е така поради стресот – очигледно е колку е важно од биолошка гледна точка да ги помниме работите кои нè повредиле и ни се закана... Хормоните на стресот го забрзуваат процесот којшто нормално се случува кога учите“ – изјавил професорот Ханс, кој своите заклучоци ги објавил во списанието Experimental Neurology.

Сепак, д-р Ханс предупредил дека како што малиот стрес е корисен, така големиот стрес може да има спротивен ефект.

„Кога сме под екстремен стрес не е возможно да примаме нови информации. Исто така, не се добри ни хроничниот и долгорочниот стрес“ – дополнил тој.

Заклучок: не го оставајте целиот материјал за последната ноќ пред испитот, но оставете го оној дел од материјалот кој ви е најтежок за учење. Од една страна ќе го избегнете големиот стрес, а од друга, подобро ќе ги запомните тешките лекции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21198 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.