Почетна » Новости » Истражувања » Страста се намалува по третата година од врската

Страста се намалува по третата година од врската

Распространето е верувањето дека романтиката и страста започнуваат да исчезнуваат по 7 години од почетокот на врската, но истражувањата велат дека поради модерниот начин на живот, денес страста започнува да бледнее веќе по 3-тата година од врската.

По три години поминати заедно, партнерите започнуваат да се расправаат повеќе и им се намалува сексуалниот апетит, велат истражувачите.

Паровите кои се во врска подолго од 3 години се караат во просек по 2,7 часа неделно, а оние кои се во „помлада“ врска се расправаат во просек по 1,2 часа неделно.

Тажна женаСтраста и романтиката започнуваат да исчезнуваат по 3-тата година од врската

Дури 55% од паровите со долга врска изјавиле дека треба да си закажуваат термини за романтични средби.

Само 16% од паровите со долга врска имаат секс 3 пати неделно. За разлика од нив, дури 52% паровите кои се заедно помалку од 3 години имаат сексуални контакти 3 пати неделно.

Но, не започнува да биде пречка само сексот. Со текот на времето, и мажите и жените сè повеќе се иритираат од навиките на својот партнер. 67% од испитаниците изјавиле дека навиките на партнерот кои во минатото воопшто не им сметале, по 3-тата година започнувале навистина да ги иритираат.

Истражувачите сметаат и дека паровите денес поминуваат сè помалку време заедно. Тие откриле дека денес просечниот пар поминува заедно само 13,9 часа неделно.

Причините поради кои во долгите врски страста се намалува, а фрустрациите се зголемуваат, се најразлични. Најголеми фрустрации создава зголемувањето на телесната тежина на партнерот, на второ место е немањето пари, а на трето – долгите часови поминати на работа. Во тој список спаѓаат и: лоша лична хигиена, отсуство на секси долна облека, 'рчење, поминување на многу време со родителите, отсуство на романтични гестови, консумирање на премногу алкохол.

Експертите предупредуваат дека по 3-тата година паровите поретко излегуваат заедно и комплиментите се намалуваат. Паровите кои се во врска пократка од три години вечераат заедно барем 4 пати месечно, паровите кои се во врска подолга од три години излегуваат 2 пати месечно, а оние кои се во врска подолга од пет години излегуваат само еднаш месечно.

Мажите и жените кои се во кратка врска добиваат во просек по 3 комплименти неделно, а оние кои се во врска подолга од три години добиваат само по 1 комплимент неделно.

Истражувањето било направено со учество на 2000 возрасни мажи и жени кои биле во стабилни врски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.