Почетна » Новости » Истражувања » Семејството и пријателите нè прават посреќни од парите

Семејството и пријателите нè прават посреќни од парите

Милиони луѓе низ светот постојано се обидуваат да го наполнат својот џеб со цел да си обезбедат посреќен живот. Но, научниците тврдат дека не е сè во парите и дека парите можат да ви донесат само малку среќа.

Најголемото истражување во оваа област покажало дека богатството го подобрува квалитетот на живот и го зголемува задоволството, но многу малку влијае врз расположението.

Жена со париБогатството го подобрува квалитетот на живот, но малку влијае врз чувството на среќа.

Во текот на истражувањето биле анкетирани 136 000 луѓе од 132 земји. Учесниците биле испрашувани за нивната плата, животниот стандард, условите во кои живеат, исхраната и сл., а на крајот требало да го оценат својот живот на скала од 1 до 10 и да ги опишат позитивните и негативните емоции кои ги имале претходниот ден. Исто така, биле испрашувани дали се чувствуваат почитувани и дали имаат пријатели на кои можат да сметаат во време на криза.

Резултатите покажале дека среќата најмногу се влијае од тоа дали една личност е почитувана или не и дали чувствува дека има контрола врз својот живот. Поддршката од семејството и пријателите и имањето професија што исполнува исто така се многу значајни фактори за појавата на среќа и тоа позначајни од парите.

Д-р Ед Дајнер којшто го предводел истражувањето во Универзитетот Илиноис изјавил: „Од претходни истражувања знаевме дека парите до одреден степен се асоцираат со среќата. Дали парите нè прават среќни? Да, но малку. Навистина е шокантно колку мала е поврзаноста на парите со позитивните чувства и уживањето.“

Истражувачите откриле дека задоволството во животот се зголемува со зголемувањето на платата, но позитивните чувства многу повеќе се влијаат од други фактори.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.