Почетна » Новости » Истражувања » Длабоките разговори нè прават посреќни

Длабоките разговори нè прават посреќни

Кога сите други теми на разговор ќе се исцрпат или кога сме во друштво на некој со кого не ни оди муабетот, започнуваме бесмислени разговори за времето, телевизиската програма или озборуваме. Но, научниците советуваат дека таквите разговори треба да присуствуваат што помалку во нашето секојдневие, затоа што нè прават несреќни.

ДруштвоПосреќните луѓе водат подлабоки и смислени разговори.

Тие откриле дека среќата на луѓето во голема мера зависи од длабочината на разговорите кои ги водат, т.е. посреќните луѓе почесто водат смислени и длабоки дискусии.

Преслушувајќи ги разговорите на доброволци, истражувачите откриле дека најсреќните луѓе поминуваат 25% помалку време сами и 70% повеќе време разговарајќи со некого. Тој заклучок и не е големо изненадување, затоа што нормално е луѓето кои повеќе се социјализираат да се позадоволни и посреќни.

Интересното е тоа што откриле дека среќните луѓе водат два пати повеќе длабоки и смислени разговори, отколку несреќните. Затоа, ако сакате да бидете среќни, социјализирајте се и вклучувајте се во длабоки разговори, а не бидете сами и површни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20818 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.