Сексот надвор од спалната секогаш е примамлив и возбудлив, особено во летните месеци. Според ново американско истражување, највозбудливото место на кое луѓето имаат секс е автомобилот.
Во истражување на компанијата за производство на презервативи Trojan, скоро половината од луѓето (48%) за највозбудлив го прогласиле сексот во автомобил.
Второто највозбудливо место за секс е туѓ кревет, а третото – шума. На четврто место доаѓаат плажата и морето, а кадата е петтата највозбудлива локација за страстен секс.
Кога жените биле запрашани кое е местото на кое досега немале секс, но би сакале да имаат, 26% одговориле дека тоа е плажата или морето, а мажите признале дека скриена желба им е секс во авион.
Истражувањето било направено со учество на 3000 лица, а еве ги и останатите заклучоци:
- 50% од мажите и 33% од жените подеднакво уживаат и при орален и при секс со пенетрација;
- 71% од мажите и 55% од жените сакаат да имаат секс почесто;
- омилена секс поза за мажите на прво место е мисионерската, а на второ – кучешката;
- омилена секс поза за жените на прво место е мисионерската, а на второ – жената од горе (обратна мисионерска).