Почетна » Новости » Истражувања » Полничките жени и женетите мажи почесто имаат секс на првата средба

Полничките жени и женетите мажи почесто имаат секс на првата средба

Сите луѓе имаат различни очекувања и критериуми за првиот состанок. Додека некои сметаат дека бакнувањето не е „дозволено“ на првата средба, има и такви кои не се плашат од поголема интимност, па дури и да скокнат в кревет.

Истражување на британскиот сајт FreeDating имало за цел да проучи колку далеку се подготвени да стигнат луѓето на првиот состанок и кои луѓе не се воздржуваат од сексуални односи.

Резултатите покажале дека полничките жени и женетите мажи се најсклони да имаат секс на првиот состанок.

НеверствоЖенетите мажи се најсклони кон секс на првата средба

Од друга страна, мажите со добра атлетска фигура на телото признале дека се поподготвени да одат докрај, во споредба со мажите со позаоблена фигура.

Истражувањето во кое учествувале 10 000 мажи и жени открило и дека пообразованите жени помалку го одобруваат сексот на првиот состанок во споредба со помалку образованите. Колку пониско образование има една жена, толку е поотворена за секс веднаш по првата средба.

Од друга страна, мажите со повисоко образование повеќе се заинтересирани да имаат секс со партнерката уште на првата средба отколку помалку образованите мажи. Кога станува збор за возраста, најбрзо се склони да скокнат в кревет мажите на возраст од 25-29 години, а жените пак се најопуштени во раните 20-ти години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.