Почетна » Новости » Истражувања » Кога луѓето имаат најмногу секс?

Кога луѓето имаат најмногу секс?

Истражувањата покажале дека најмногу луѓе слават роденден на 16 септември, што значи дека најмногу бебиња се зачнати во декември, за време на зимските празници.

Секс

Се прашувате кога луѓето имаат најмногу секс? Еве неколку интересни факти:

  • Најмногу бебиња се зачнуваат во декември, а најмалку во август. Дури 9% од сите зачнувања во САД се случуваат во текот на декември. Најмалку бебиња се зачнуваат во август, што значи дека најмалку бебиња се раѓаат во април.
  • 17 пати поверојатно е еден пар да има секс на полноќ, отколку во 22.00ч. Луѓето најчесто имаат секс пред спиење, за да се релаксираат, па логично е најмногу тоа да се случува околу полноќ.
  • Неделата е најнепопуларен ден за секс. Петокот и саботата се за 18% попопуларни.
  • 13 пати е поверојатно да имате секс навечер отколку попладне. Луѓето повеќе имаат секс навечер затоа што така им е попогодно, а не затоа што тогаш имаат најголема желба.
  • Оптималната собна температура за секс е 20-21°C. 35% од луѓето имаат одбиено секс затоа што времето било премногу жешко, а 19% имаат одбиено секс затоа што им било премногу ладно.
  • Дождливите денови и ноќи се најдобро време за секс. Тоа е сосема очекувано, затоа што тогаш повеќето луѓе остануваат дома.
  • Во петок е за 56 пати поверојатно некој да запознае партнер за секс отколку во понеделник. Втор најдобар ден за запознавање на секс партнер е саботата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19784 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.