Почетна » Новости » Истражувања » Секоја четврта жена го мрази начинот на којшто и бил предложен брак

Секоја четврта жена го мрази начинот на којшто и бил предложен брак

Жените сонуваат за оригинален, романтичен предлог за брак од своите идни сопрузи. Некои се среќнички и го паметат предлогот како еден од најсреќните моменти во животот, но други велат „да“ иако се разочарани од начинот на којшто нивниот сакан им ја побарал раката.

Истражување на сајтовите The Knot и Men's Health покажало дека секоја четврта жена го мрази начинот на којшто ѝ бил предложен брак.

26% од идните невести изјавиле дека би сакале тој момент да бил поромантичен, пооригинален и поперсонализиран.

Прстен96% од жените го сакаат свршеничкиот прстен што го добиле

Дел учесничките во истражувањето изјавиле дека би сакале предлогот да бил поприватен, а некои се пожалиле дека најголемата грешка било тоа што нивниот партнер им предложил без прстен.

Но, на мажите воопшто не им е лесно во тој момент. 75% од нив изјавиле дека го испланирале целиот настан сосема сами, а половина изјавиле дека никогаш не би го споделиле својот план пред да се оствари.

Сепак, има нешто што скоро сите жени го сакаат, а тоа е прстенот. Дури 96% од жените изјавиле дека го сакаат прстенот што го добиле и дека бил точно таков каков што посакувале. Можеби тоа се должи на фактот што околу 40% од идните невести сами си го избираат прстенот или одат во шопинг на свршенички прстени заедно со својот партнер.

Мнозинството од учесниците се согласиле дека прво партнерот треба да ја побара раката на својата сакана од нејзините родители, а потоа да планира сè останато.

76% од мажите изјавиле дека е многу важно да го направат предлогот клекнати на едно колено, но само 46% од жените го изјавиле истото.

Исто така, било откриено дека по предлогот, 84% прво им се јавуваат на родителите да им кажат за среќната вест, a потоа им соопштуваат на пријателите. Околу 75% од жените и 60% од мажите ја објавуваат радосната вест на своите профили на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.