Почетна » Новости » Истражувања » Седењето е штетно и за здравјето и за фигурата

Седењето е штетно и за здравјето и за фигурата

Експертите постојано советуваат да се практикува редовна физичка активност и колку што е можно да се избегнува седечката положба. За жал, луѓето сè повеќе време поминуваат на стол пред компјутер, без разлика дали тоа е поради работата или пак за разонода.

Новите истражувања уште еднаш предупредуваат за негативното влијание на седењето врз здравјето и врз изгледот на телото. Истражувачите тврдат дека предолгото седење може да доведе до зголемен крвен притисок, забавен метаболизам и до зголемување на телесната тежина.

Жена што седиСедењето влијае негативно и врз здравјето и врз изгледот на телото.

Ако просечен човек помине нешто помалку од 9 часа дневно во седење, без разлика дали тоа е дома, в канцеларија или в кола, дури ни секојдневното вежбање не може да го намали негативниот ефект што го има седењето.

По лежењето, седењето е најпасивната активност, која предизвикува минимално согорување на калории. Дури и јадењето на јаболко предизвикува трошење на повеќе калории, отколку седењето. Додека стоењето ги активира мускулите на грбот, рамената и нозете, седењето не му претставува предизвик на телото, па тоа оди во неактивна состојба. Затоа, неизбежно е натрупувањето на масти во областа на половината.

Истражувањата покажале дека слабите луѓе седат во просек по 2 часа дневно помалку од оние кои имаат проблеми со килограмите.

Освен проблеми со тежината, седењето предизвикува и проблеми со здравјето како забавување на метаболизмот, дијабетес и проблеми со грбот.

За да се избегнат сите овие негативни последици од заседнатиот начин на живот, експертите препорачуваат секогаш кога сте во можност да стоите или пак да прошетате наоколу. Додека зборувате на телефон секогаш стојте, одете сами да си земете кафе или вода и на секој час правете мала пауза од седењето. Седете исправени и правете вежби за растегнување на мускулите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.