Почетна » Новости » Истражувања » Разоткриени 6 мита за сексот, мажите и жените

Разоткриени 6 мита за сексот, мажите и жените

Често се користи фразата „мажите се од Марс, а жените од Венера“ кога се сака да се покажат разликите меѓу половите. Но, научниците велат дека мажите и жените и не се така различни, а доказите доаѓаат од најновите истражувања.

Среќен пар

Психолози од Универзитетот Мичиген ги анализирале подетално резултатите од нови истражувања и разоткриле 6 мита за половите и сексот.

Мит 1: Мажите сакаат да спијат со повеќе луѓе од жените

Вистина е дека ако запрашате мажи и жени колку сексуални партнери би сакале да имаат во текот на животот, во просек бројот на мажите ќе биде поголем. Тоа е така затоа што одредени мажи се „преамбициозни“ и би рекле дека сакаат да имаат секс со стотици партнерки. Но, кога се користи медијана наместо просек, се елиминира таквата амбициозност на тие неколку мажи и се добиваат резултати кои изненадуваат.

„Повеќето мажи и жени посакуваат сличен број на сексуални партнери – еден“ – тврдат истражувачите.

Исто така, ако запрашате мажи и жени со колку луѓе имале секс досега, бројот што ќе го кажат мажите ќе биде повисок. Но, кога на група мажи и жени им било кажано дека се поврзани на детектор за лаги и им било поставено истото прашање, бројките се промениле. Резултат: бројот на сексуални партнери на мажите и жените скоро се изедначил.

Мит 2: Жените сакаат статус, мажите привлечен изглед

Спротивно на распространетото верување дека жените бараат партнери со статус, а на мажите најважен им е убавиот надворешен изглед кај потенцијалните партнерки, истражувањата покажале дека и на мажите и на жените им се подеднакво важни статусот и изгледот.

Мит 3: Мажите постојано мислат на секс, жените на шопинг

Да, точно е дека мажите повеќе мислат на секс. Кога на мажи и жени им била дадена задача да ги запишуваат сите свои потреби, мажите пријавиле поголем број на сексуални мисли во споредба со жените.

Но, истражувачите забележале дека мажите вкупно имале регистрирано поголем број на потреби како мисли за храна и спиење отколку жените. Научниците објаснуваат дека мажите им обрнуваат поголемо внимание на сопствените потреби за разлика од жените кои се преокупирани со други нешта, меѓу кои и потребите на другите луѓе, па не им посветуваат толкаво внимание на своите потреби.

Мит 4: Мажите сакаат секс без обврски, жените сакаат љубов

Во едно интересно истражување, на мажи и жени им приоѓале личности од спротивниот пол и им предлагале секс без обврски. Ниту една жена не прифатила, а 70% од мажите кажале „да“.

Зошто толкава фрапантна разлика? Научниците велат дека жените не би прифатиле секс ако не сметаат дека партнерот ќе биде добар в кревет, а голем дел одбиваат секс обврски затоа што се плашат дека ќе бидат сметани за „лесни“.

Мит 5: Жените доживуваат помалку оргазми од мажите

И овој мит држи вода, т.е. мажите почесто го доживуваат врвното задоволство. Но, разликата помеѓу бројот на оргазмите на мажите и жените и не е толку голема.

Истражувањата покажале дека при првиот сексуален однос со одреден партнер, жените доживуваат оргазам трипати поретко од мажите. За време на наредните сексуални средби, жените доживуваат оргазам двапати поретко од мажите. А, кога жените се во долга врска, стигнуваат до оргазам во 79% од случаите кога и мажите доживуваат оргазам. Со други зборови, кога жените се во долга врска, почесто доживуваат оргазам. Зошто? Затоа што жените во подолга врска имаат подобра комуникација со партнерот и поголема доверба во него. Исто така, поопуштени се и почесто добиваат стимулација на клиторисот.

Мит 6: Жените се пребирливи, мажите би спиеле со секоја

Научниците велат дека жените се попребирливи затоа што мажите се тие што им приоѓаат, а не обратно, и дека тоа би се променило ако мажите и жените си ги заменат улогите.

Едно истражување покажало дека кога жените им приоѓале на мажите, тие се однесувале повеќе како мажи, односно станувале помалку пребирливи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.