Понекогаш не е важно само да имате убави големи очи или полни усни за да бидете сметани за убави, туку е важно како тие се распоредени на вашето лице.
Истражувачите открија дека убавината на лицето може да биде измерена според тоа колку блиску се наоѓаат очите и според големината на растојанието помеѓу очите и усните.
Резултатите од истражување во Торонто покажале дека една жена е најатрактивна кога растојанието помеѓу нејзините зеници изнесува 46% од вкупното растојание од едното до другото нејзино уво.
Со истото истражување било докажано и дека кај идеалното лице, растојанието од усните до очите изнесува 36% од целосната должина на лицето – од почетокот на косата до брадичката.
Од славните личности, Џесика Алба, Елизабет Харли и Шанаја Твејн имаат лица со совршени пропорции.
Овие пропорции одговараат со пропорциите на просечната жена. Ова е едно од многуте истражувања во последно време, кои покажуваат дека просечната жена всушност е сметана и за најубава.
Претходни истражувања докажаа и дека мажите не сакаат премногу слаби жени, туку жени со облини и дека не се обожаватели на премногу долги нозе, туку дека сакаат должината на нозете кај жените да е пропорционална на нивната висина.