Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Вие сте поубави отколку што си замислувате

ВИДЕО: Вие сте поубави отколку што си замислувате

Жените се свои најголеми критичари кога станува збор за надворешната убавина. Кога би требало да ја опишат својата убавина, најголем дел од жените би се мачеле да пронајдат одговор. Всушност, само 4% од жените низ светот би се опишале себеси како убави.

Вистината е дека повеќето жени не ја гледаат својата убавина, бидејќи се фокусираат на проблематичните зони на телото или несовршеностите на лицето. Ново видео на компанијата Dove цели да го промени начинот на којшто жените се перципираат себеси со испраќањето на пораката „Поубави сте отколку што си мислите дека сте“.

Во видеото Џил Замора, форензички уметник, црта седум жени сокриени зад завеса, само врз основа на описот кој тие самите му го даваат за изгледот на лицето. Пред да започне скицирањето секоја од жените требало да се зближи со друга жена учесничка во проектот. Замора ги нацртал сите седум жени по вторпат, но врз основа на описот кој го добил за нив од нивната нова пријателка.

Разликата во скиците покажува дека жените често не ја гледаат својата убавина и дека понекогаш непозната личност може да им ги отвори очите за да видат колку навистина се убави.

Во рамките на рекламната кампања Real Beauty, во 2006 година Dove го објави видеото Evolution, во кое е покажано како обична девојка може да се претвори во совршена убавица со помош на шминка и дигитална обработка на фотографиите. Идејата на тоа видео беше жените и девојките да престанат да се споредуваат со моделите кои ги гледаат на телевизија, бидејќи нивната убавина е нереална.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.