Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Како се замислуваат мажите vs. како навистина изгледаат

ВИДЕО: Како се замислуваат мажите vs. како навистина изгледаат

Пред неколку дена видео на Dove ги потсети жените дека се поубави отколку што си замислуваат и дека често сами не ја гледаат својата убавина.

Комичарите New Feelings Time направија пародична верзија на социјалниот експеримент. Видеото се фокусира на мажите и на тоа како се замислуваат самите и како всушност изгледаат во женските очи.

Додека во описот за видеото за жените се велеше дека жените се свои најголеми критичари и дека само 4% од нив се опишуваат себеси како убави, во описот за видеото за мажите стои: „Мажите не се свои најголеми критичари. Само 4% од мажите низ светот сметаат дека изгледаат просечно“.

На крајот на видеото, мажите кои учествуваат во хумористичниот експеримент ќе сфатат дека не изгледаат како Бред Пит или Џорџ Клуни. Разочарувањето на нивните лица е повеќе од очигледно.

Пораката на новото видео е: „Мажи, вие не сте така убави како што си замислувате!“

За потсетување, видеото за жените кое за пет дена достигна до речиси 9 милиони прегледувања:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.