Сте почувствувале ли некогаш пеперутки во стомакот веднаш откако ќе запознаете некого, не можејќи да ги тргнете очите од него и мислејќи си дека го пронајдовте „вистинскиот“? Ако вашиот одговор е „да“, тогаш најверојатно сте убедени дека постои љубов на прв поглед.
Ново американско истражување покажало дека повеќето луѓе веруваат во концептот „љубов на прв поглед“.
55% од анкетираните 1000 луѓе изјавиле дека љубовта на прв поглед постои, а над две третини од нив тврделе дека ја имаат доживеано.
Од останатите, 18% изјавиле дека не се сигурни дали постои, а 27% изјавиле дека не постои такво нешто како љубов на прв поглед.
Истражувањето било финансирано од сајтот за возрасни Adam & Eve.
Најчесто оние кои не веруваат во љубов на прв поглед, веруваат во копнеж или страст на прв поглед. Во која група сте вие? Верувате ли во љубов на прв поглед?