Кога ќе погледнете наназад во својот живот, голема е веројатноста да пронајдете барем неколку работи за кои се каете и кои би ги направиле поинаку. Кога станува збор за љубовта, ново истражување покажа дека жените двојно повеќе од мажите жалат за некоја пропуштена шанса.
Истражување на професорот Нил Роис од Илиноис покажало дека 44% од жените ја опишуваат „изгубената љубов“ како нешто за кое најмногу жалат, а кај мажите тој процент изнесува само 19.
Многу од жените жалат за „оној што го испуштиле од раце“, за пропуштена шанса со некого или за некој што го познавале од студентските денови, а со кого врската не успеала.
Во истражувањето учествувале 370 Американци на возраст од 20 до 80 години и сите тие требало да наведат за што најмногу се каат во својот живот. Голем дел од учесниците изјавиле дека жалат што не завршиле факултет, што се развеле порано или што ги избрале парите пред она кое навистина сакаат да го прават во животот.
Сепак, професорот Нил изјавил дека ваквото каење не е секогаш лоша работа, бидејќи тоа може да ги мотивира луѓето да имаат поголем успех во иднина. Проблемот се појавува кога луѓето не можат да го остават „пропуштеното“ во минатото и тоа постојано ги прогонува.