Илјадници луѓе практикуваат медитерански режим на исхрана кој што вклучува консумирање на големи количества маслиново масло, риба, овошје и зеленчук и мали количини црвено месо и млечни производи.
Многумина започнале со оваа диета само затоа што голем број експерти сметаат дека таа има позитивно влијание врз здравјето, но досега тој став не беше потврден.

Сега научниците открија дека тајната на ползите од медитеранската диета е во маслиновото масло. Тие потврдија дека консумирањето на големо количество маслиново масло ги потиснува гените кои предизвикуваат воспаление и кои можат да доведат до проблеми со здравјето, како што се срцевите заболувања.
Освен намалувањето на проблемите со срцето, било откриено дека медитеранската исхрана го намалува и ризикот од појава на дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест, па дури и на депресија.
Воопшто нема да погрешите ако го замените сончогледовото масло со маслиново, но треба да внимавате со консумираното количество, затоа што секоја капка масло крие во себе голем број калории.