Почетна » Новости » Истражувања » Маслиновото масло го намалува ризикот од мозочен удар

Маслиновото масло го намалува ризикот од мозочен удар

Пазарите се преполни со свежи зеленчуци кои се незаменлив дел од здравата исхрана. Но, за да извлечете максимална корист од салатите, наместо со популарното сончогледово масло, правете ги со маслиново.

Врз основа на резултатите од ново истражување, научниците тврдат дека редовното консумирање на маслиново масло го намалува ризикот од мозочен удар со 41%. Тие откриле дека луѓето кои никогаш не консумираат маслиново масло се изложени на поголем ризик од мозочен удар, во споредба со оние кои го користат во салати, за готвење или за зачинување на лебот.

Маслиново масло

За да стигнат до овие заклучоци, истражувачите набљудувале скоро 8000 лица на возраст од 65 години и нагоре. Во текот на 5 години, колку што траело истражувањето, 148 од учесниците доживеале мозочен удар. Во истражувањето било земено во предвид колку често учесниците консумираат маслиново масло, нивната физичка активност, телесната тежина и други ризични фактори.

„Мозочниот удар е многу честа појава кај постарите луѓе и маслиновото масло е не многу скап и лесен начин да се спречи“ – изјавила Сесилија Самиери од Националниот институт за здравје и медицински истражувања во Бордо, Франција.

Познато е дека маслиновото масло помага за заштита од срцеви болести и артритис, а и го намалува холестеролот и крвниот притисок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.