Почетна » Новости » Истражувања » Маслиновото масло го намалува ризикот од смрт од срцеви болести

Маслиновото масло го намалува ризикот од смрт од срцеви болести

Во текот на жешките летни денови нема подобар оброк од свежа зеленчукова салата. Зеленчуците се богати со витамини и минерали и се одличен сојузник на вашето здравје. А, за да ја направите салатата уште поздрава и повкусна, зачинете ја со маслиново масло.

Најновото истражување во оваа област уште еднаш ги потенцира бенефициите од консумирањето на маслиново масло. Според новата студија, доволни се две супени лажици маслиново масло дневно за речиси да се преполови ризикот од смрт од кардиоваскуларно заболување.

Жена јаде салата со маслиново масло

Шпанските истражувачи во текот на 13 години ги проучувале навиките за хранење на 40.622 мажи и жени на возраст од 29 до 69 години. Нивната цел била да се открие каков ефект има маслиновото масло врз смртноста. Додека траело истражувањето, починале 2.000 лица, од нив 956 го изгубиле животот поради рак, а 416 како последица на срцева болест.

Резултатите, објавени во American Journal of Clinical Nutrition, покажале дека жртвите на срцеви болести биле меѓу лицата кои најмалку консумирале маслиново масло. Од друга страна, кај оние кои внесувале по нешто повеќе од две лажици маслиново масло дневно, ризикот од смрт причинета од срцеви проблеми бил за 44% помал.

Претходни истражувања имаат покажано дека маслиновото масло помага и за намалување на ризикот од мозочен удар.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.