Почетна » Новости » Истражувања » Оревите го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2

Оревите го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2

Редовното консумирање на ореви го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Според ново американско истражување, кај жените кои консумираат ореви двапати неделно ризикот од појава на дијабетес тип 2 е намален со 24%, во споредба со жените кои ретко консумираат ореви или никогаш не јадат од овие јаткасти плодови.

Ореви

За да потврдат своја хипотеза, истражувачите од Harvard School of Public Health проучувале две студии во рамките на кои во период од 10 години биле набљудувани 137.893 медицински сестри на возраст 35-77 години. На почетокот на истражувањата ниту една од учесничките немала проблеми со дијабетес, рак или срцеви заболувања.

Откако внимателно била разгледана консумацијата на ореви кај учесничките, било заклучено дека жените кои јаделе ореви еднаш до трипати месечно имале за 4% намален ризик од појава на дијабетес тип 2, кај оние кои јаделе ореви еднаш неделно ризикот бил намален со 13%, додека кај жените кои консумирале околу 28 грама ореви двапати неделно ризикот бил намален со 24%.

Резултатите покажуваат дека поголемата консумација на ореви се поврзува со значително намалување на ризикот од дијабетес тип 2 кај жените.

Истражувањето кое било објавено во Journal of Nutrition не е првото истражување кое дошло до ваква констатација, но е најголемото досега. Според податоците од Светската здравствена организација, 347 милиони луѓе во светот страдаат од дијабетес, состојба која ако не се лекува, може да доведе до срцев удар, слепило или ампутација на екстремитет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.