Почетна » Новости » Истражувања » На мажите им е потешко да ѝ кажат на својата партнерка да ослаби

На мажите им е потешко да ѝ кажат на својата партнерка да ослаби

Мажите повеќе се плашат да ѝ кажат на својата сакана дека треба да ослаби, отколку што жените се плашат да им го кажат истото на своите партнери.

Но, кога лицето кое има проблем со тежината не им е љубовен партнер, ситуацијата се менува. Жените поретко од мажите собираат храброст да ѝ кажат на своја пријателка дека има проблем со тежината.

Дебелина

Истражување спроведено со учество на 2000 мажи и жени покажало дека 42% од младите на возраст од 18 до 24 години не би му кажале на свој близок дека треба да ослаби, поради страв дека ќе го навредат.

Скоро третина од мажите не сакаат да ја отвораат темата за слабеење пред своите партнерки. За споредба, само 10% од жените не би му кажале на својот партнер дека треба да ослаби кога тој ги преминал границите на здравата тежина.

Но, кога треба да му кажат да свој пријател дека треба да започне диета, жените се поплашливи од мажите. На 23% од жените би им било тешко да ѝ кажат на своја пријателка дека треба да ја намали тежината, а истиот проблем би го имале само 8% од мажите.

Истражувањето било поддржано од британскиот национален форум за дебелина. Експертите советуваат луѓето да не се воздржуваат и на учтив начин да им кажуваат на своите блиски кога сметаат дека дебелината им е проблем, со цел да го заштитат нивното здравје.

Масните наслаги, особено оние натрупани во областа на стомакот, го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дијабетес тип 2. „Да му кажете на некого дека треба да размисли да ослаби можеби не е пријатен разговор, но ако некој ваш близок има голем обем на стомакот, дискутирањето на тој проблем би можело да му помогне да избегне сериозни здравствени проблеми и дури и да му го спаси животот“ – изјавил професорот Дејвид Хаслам.

Дали вие би му кажале на вашиот партнер дека треба да ослаби ако тој го запостави својот изглед?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.