Сакате да знаете што се крие во главата на модерниот маж и модерната жена во врска со сексот, љубовта и врските? Машкиот веб сајт AskMen и женското списание Cosmopolitan спроведоа темелно истражување со десетици илјади учесници и го констатираа следново:
- Секс во тројка е омилена сексуална фантазија и на мажите и на жените.
- 47% од мажите би ја откачиле својата девојка ако таа стане дебела, а само 20% од жените би го сториле истото ако се здебели нивниот партнер.
- Кога станува збор за карактерот, на мажите им е најважно партнерката да им биде верна, а на жените им е подеднакво важно партнерот да биде верен и грижлив.
- На 73% од жените и 85% од мажите не би им сметало ако заработуваат помалку од партнерот/ката.
- Кога биле запрашани дали би изневериле ако се сигурни дека партнерот/ката нема да дознае, 87% од жените и 72% од мажите одговориле дека не би изневериле.
- Најголем дел од мажите и жените се донекаде задоволни од својот сексуален живот, но сметаат дека има простор за подобрување.
- 78% од мажите и 80% од жените сметаат дека за здрав сексуален живот паровите треба да имаат секс по неколку пати неделно.
- 37% од жените и 49% од мажите имаат излажано за бројот на сексуални партнери.
- 65% од мажите си имаат фантазирано за пријателка на својата девојка (28% го прават тоа редовно), а само 33% од жените го прават истото (7% редовно).
- 54% од жените и дури 30% од мажите имаат одглумено оргазам.
- 55% од мажите сметаат дека можат да познаат кога нивната партнерка глуми врвно задоволство.
- 50% од мажите би си го зголемиле пенисот ако имаат можност.
- 78% од жените не би ја промениле големината на пенисот на својот партнер и само 19% би сакале да е поголем.
И за крај, мажите би оцениле една жена како сексуално промискуитетна ако има спиено со повеќе од 10 мажи. Од друга страна, жените би ставиле еден маж во категоријата „машка к***а“ ако има спиено со повеќе од 20 жени и сметаат дека една жена се смета за промискуитетна ако има спиено со над 20 мажи.
„Кавалерството не е мртво, големината е важна, жените простуваат, додека мажите забораваат“ – ова се зборовите со кои Џејмс Базил ги опиша накратко резултатите од истражувањето.