Млекото содржи состојки кои имаат големо влијание врз здравјето на луѓето: помагаат при јакнење на коските и забите, го подобруваат помнењето, од големо значење се за здравата и витка фигура, па дури и го намалуваат ризикот од мозочен удар.
Магнезиумот, кој е една од клучните состојки на млекото, е важен елемент за градбата на човечкото тело, а особено за хемиските процеси кои се одвиваат во него. Ниското ниво на оваа состојка во крвта може да го зголеми ризикот од мозочен удар за 25%, додека пак покачувањето на неговото ниво во крвта го намалува ваквиот ризик поради смирувачките ефекти кои ги има магнезиумот врз крвниот притисок и дијабетот.
Препорачливата дневна доза на магнезиум за мажи е 420mg, додека пак за возрасните жени 320mg. Со оглед на фактот што голем дел од возрасните не ги внесуваат овие дози, се советува да почнат да внесуваат една чаша млеко при појадок и ужина.
Во својата палета на производи, БиМилк на купувачите им нуди неколку типови на висококвалитетно млеко кои би им помогнале при одржувањето на соодветното ниво на магнезиум во крвта. Секој може да избере меѓу Битолско трајно млеко со 3,2% млечна маст, Битолско витаминизирано млеко со 1,5% млечна маст, богато со 5 витамини (А, E1, B1, B3, B6) и Битолско свежо, пастеризирано млеко со 3,2% млечна маст.
Одберете го вашето БиМилк млеко и намалете ги ризиците од заканите на вашето здравје.
Комерцијален текст