Почетна » Новости » Истражувања » Млекото го намалува ризикот од болести на срцето

Млекото го намалува ризикот од болести на срцето

Млекото и млечните производи се вклучени во секоја балансирана диета. Тие се богат извор на хранливи материи кои му се потребни на телото за да функционира правилно и да се бори против болестите.

Научниците од Харвард сега ни даваат уште неколку причини за редовно да го вклучуваме млекото во нашата исхрана. Тие тврдат дека пиењето на три чаши млеко го намалува ризикот од појава на болести на срцето со 18%.

МлекоПиењето на три чаши млеко го намалува ризикот од појава на болести на срцето со 18%

За да дојдат до тој заклучок, научниците ги анализирале резултатите од 17 истражувања спроведени во САД, Европа и Јапонија.

Истражувачите особено акцентираат како важно едно американско истражување во кое учествувале 20 000 луѓе, а кое покажало дека зголеменото ниво на калциум го намалува ризикот од смрт од рак со 25%.

Но, исто така, тие ги потенцираат и резултатите од австралиско истражување, кое покажало дека луѓето кои најмногу консумираат млеко и млечни производи со голем процент на масти имаат 69% помал ризик од смрт причинета од кардиоваскуларна болест, во споредба со луѓето кои најмалку ги консумирале овие производи.

Млекото и млечните производи се многу здрава храна и се полни со калциум, калиум и протеини, потсетуваат експертите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.