Почетна » Новости » Истражувања » Мајчиниот глас е најефективен против стрес

Мајчиниот глас е најефективен против стрес

Многу често кога имаат проблеми или кога се нервозни, жените им се јавуваат на своите мајки. Сега се покажа дека женските инстинкти се точни, затоа што најлесниот начин да се намали стресот е разговорот со мајката – тврдат истражувачите.

Истражувањата покажале дека мајчиниот глас може брзо да нè смири и дека телефонскиот повик често го има истиот ефект како и прегратката.

жена што зборува на мобиленМајчиниот глас може брзо да нè смири кога сме под стрес.

Американски истражувачи составиле група од девојчиња на возраст од 7 до 12 години, кои требало да решат математички проблем или да држат говор пред непознати лица. Кај девојчињата бил забележан забрзан ритам на срцето и покачување на нивото на хормонот на стресот (кортизол).

Потоа, една третина од девојчињата биле смирувани лично од нивната мајка, друга третина разговарале по телефон со мајка им, а на девојчињата од последната третина им бил пуштен филм.

Нивото на хормонот окситоцин значително бил покачен кај девојчињата кои лично или по телефон разговарале со нивните мајки. За изненадување на научниците, по период од 1 час девојчињата кои зборувале по телефон биле еднакво смирени како и девојчињата кои лично разговарале со својата мајка.

Инаку, окситоцинот е хормон кој се создава за време на секс, сексуална привлечност, доверба и увереност. Се испушта во крвта при породување и се верува дека токму тој придонесува за поголема поврзаност на мајката и бебето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.