Мажите се најсекси за понежниот пол кога се во своите 40-ти години од животот. Ново истражување на Дебенхамс вели дека иако мажите сметаат дека нивната привлечна моќ е најсилна кога се на возраст од 20 до 29 години, жените ги сметаат за најпривлечни дури откако ќе созреат и ќе го поминат 40-тиот роденден.
„Мажите се како виното. Со годините тие созреваат во некој со кого сакаме да сме во врска и со кого сакаме да вечераме“ – изјавила Вики Хјуит од компанијата Дебенхамс којашто го организирала истражувањето.
Од друга страна, жените се чувствуваат најсекси во своите 30-ти години, а тоа е и возраста кога им се и најпривлечни на претставниците на посилниот пол. Многумина тврдат жените се најубави во раните 30-ти години. Едно поконкретно истражување откри дека жените го достигнуваат врвот на својата убавина на 31 година.
Истражувањето на Дебенхамс покажало уште и дека мажите и жените трошат најмногу на себе кога се во привлечните години. Жените во таа возраст најмногу трошат за долна облека и парфеми, а мажите за нега и шик костуми.