Почетна » Новости » Истражувања » Кој повеќе пробива во Facebook профилот на партнерот: мажите или жените?

Кој повеќе пробива во Facebook профилот на партнерот: мажите или жените?

Најпознатиот веб сајт за мажи AskMen и познатото женско списание Cosmopolitan ги здружија силите за да направат Големо машко и Големо женско истражување. Целосните резултатите сè уште не се објавени, но „истече“ една интересна информација за тоа кој повеќе „ѕирка“ во Facebook профилот и електронската пошта на партнерот – мажите или жените?

Жена пред лаптоп

Секој петти маж (20%) има „ѕирнато“ во личните пораки на Facebook или во електронската пошта на својата партнерка без таа да знае за тоа. Седум проценти од нив им пробиле во поштата на своите партнерки за да ги читаат пораките.

Дополнителни 16% од мажите пак изјавиле дека досега ја ценеле приватноста на својата партнерка, но би пробиле во нивните профили и пошти доколку се сомневаат дека таа крие нешто од нив.

Од друга страна, секоја четврта жена (25%) веќе има „ѕирнато“ во личните онлајн пораки на својот партнер. Дополнителни 15% признале дека досега го немаат направено тоа, но би го сториле ако се сомневаат дека нивниот сакан прави нешто зад нивниот грб.

Тоа би рекло: 36% од мажите имаат пробиено или би пробиле во електронските пораки на партнерката, а тој процент кај жените е 40%.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.