Почетна » Новости » Истражувања » Истражување: По спонтан абортус, подобро е да се обидете да зачнете што поскоро отколку да чекате

Истражување: По спонтан абортус, подобро е да се обидете да зачнете што поскоро отколку да чекате

Паровите кои се соочиле со спонтан абортус најчесто добиваат совет да почекаат 3-6 месеци пред да започнат со обиди за следна бременост. Ново истражување фрла сенка врз овие препораки и порачува дека оние кои се психички подготвени за следна бременост и немаат здравствен проблем, не треба да ги одложуваат обидите за забременување по спонтан абортус.

Според истражувањето, објавено во новото издание на „Obstetrics & Gynecology“, паровите кои се обидуваат да зачнат во првите три месеци по спонтаниот абортус (дефинирано како 20. гестациска недела) имаат исти, ако не и поголеми шанси, да зачнат и родат живо дете како и оние кои чекале три или повеќе месеци.

Бремена жена

Со истражувањето биле опфатени 1.083 жени, од кои 99% имале спонтан абортус пред 20. гестациска недела. Учесничките биле следени шест менструални циклуси, а оние кои забремениле, биле следени до крајот на бременоста.

Резултатите од истражувањето биле следните:

  • 76% од жените започнуваат со обидите за нова бременост во првите три месеци од спонтаниот абортус;
  • Жените кои веднаш започнуваат со обиди имаат поголеми шанси да забременат и да родат живо дете од оние кои чекаат три или повеќе месеци;
  • 69% од жените кои започнале со обиди во првите три месеци останале бремени, додека кај жените кои чекале подолго процентот бил 51%;

Целта на истражувањето е преразгледување на препораките за одложување на обидите за бременост 3-6 месеци. На пример, Светската здравствена организација препорачува паровите да почекаат 6 месеци.

„Препораките да се одложуваат обидите за забременување најмалку 3-6 месеци кај паровите кои се психички подготвени за нови обиди се неоправдани и треба да бидат преразгледани“ – велат истражувачите. „Иако ние откривме дека не постои физиолошка причина за да се одложуваат обидите за зачнување по спонтан абортус, можно е паровите да имаат потреба од емоционално заздравување пред да се обидат повторно“ – додаваат тие.

Претходно истражување покажало дека забременувањето кратко време по спонтаниот абортус и раѓањето живо дете може да ја намали тагата кај паровите кои се соочиле со непосакуван прекин на бременоста.

Важно е да се спомене дека претходните истражувања на оваа тема се фокусираа на тоа кога една жена треба да забремени по спонтаниот абортус, додека новото истражување се фокусира на прашањето кога паровите треба да започнат со обиди за повторна бременост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19781 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.